Во насока на зајакнување на соработката, потпретседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија, г. Александар Милошевски, оствари средба со директорот на Државниот инспекторат за труд, г. Аљајдин Хавзиу, на која се дискутираше за заеднички активности со цел поголема информираност за компаниите во врска со правата и обврските од овој вид на надзор.
Едукација на приватниот сектор ќе биде еден од приоритетите на соработка, во рамки на која ќе се работи на усогласеност на работењето на компаниите со законската регулатива во областа на трудот.