Претседателот на Сојуз на стопански комори, Данела Арсовска, присуствуваше на официјалното отворање на Самитот на европски слободни економски зони, во организација на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни. Над 350 претставници од целиот свет учествуваат на Самитот кој се организира во соработка со организацијата на Светски слободни зони. На Самитот учествуваат компании членови на Сојузот од повеќе сектори.

Државната помош и нелегалната трговија во зоните се дел од темите на самитот, а се потпиша и меморандум за соработка со светските економски зони со цел, земјава да биде опфатена во т.н. безбедни зони.

На засебни панел сесии се дискутира за „иднината на слободните зони и предизвиците со кои се соочуваат“, „нелегална трговија и нејзините ефекти врз на слободните зони и нивните безбедни програми“ и „формирање здружение кое ќе ги опфати сите видови зони“.