Во насока на континуирано проследување на нови информации кое се однесуваат на стопанството, Сојузот на стопански комори на Македонија Ве информира дека фирмите кои вршат дејност производство на прехранбени производи и имаат производни погони, хали и слично, им се препорачува производниот процес да се орграниза на следниот начин:

  • Во погоните каде непосредно се врши производство, да се држи растојание меѓу вработените од 1,5 до 2 метри, а во кланиците за колење на јагне, растојанието треба да биде согласно работните места превидени по технолошката шема на работниот процес, по должинана технолошката линија на производство.
  • ВРАБОТЕНИТЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА НОСАТ ЗАШТИТНА МАСКА. Маската  да ја менуваат почесто, на 2-4 часа и секогаш во случај на нејзино оштетување, или загадување, со крв или друга нечистотија.
  • Во самиот објект, пред влезот во работните простории, задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција на раце и обувки.
  • На работните места кои се предвидени по технолошката шема на работниот процес, задолжително секогаш да има топла вода, средство за миење на рацете и функционални стерилизатори за ножеви, кои се предвидени да сеупотребуваат на тоа работно место.
  • Во работното време, од страна на вработените да се почитуваат општите препорачани мерки за одржување на повисоко ниво на лична и општа хигиена (често миење на рацете, приборот и опремата за работа).
  • Ракавиците почесто да се менуваат, секогаш кога се оштетни, по пауза во текот на работењето, а да се мијат во текот на работата. Пред ставањето на ракавиците, рацете треба добро да се измијат и дезинфицираат, а исто така и по нивното вадење.
  • За време на паузите, вработените да не се групираат и да внимават и одржуваат меѓусебно растојание од минимум 1,5 до 2 метри.
  • Да се врши почесто проветрување на работните простории, односно, повеќе пати во текот на денот, доколку е тоа можно, преку природна или вештачка вентилација.
  • Редовно да се спроведуваат Добрите производствени и Добрите хигиенски пракси (ДПП/ДХП) базирани на HACCP принципите.
  • По завршување на работниот процес да се спроведе темелно механичко чистење и дезинфекција на сите простории во објектот.
  • Во случај на непосреден контакт со позитивен лабораториски потврден случај на КОВИД-19 (со или без симптоми), лицето веднаш се изолира и да се пријави до надлежниот Центар за јавно здравје.
  • Да се избегнува меѓусебен контакт на вработените лица од погоните во текот на работниот процес, особено со административните службеници.
  • Во случај на потреба од администартивна работа потпишувањето на хартиените докумени да се спроведува исклучиво преку едно одредено лице кое носи лична заштитна опрема на себе (заштита маска и ракавици).
  • Лицата задолжени за обезбедување на објектот исто така треба да носат лична заштитна опрема.
  • Возачите кои дистрибуираат готови производи, репроматеријали, хартиени документи, исто така да носат лична заштитна опрема.
  • Да не се одржуваат состаноци/колегиуми и истите да се спроведуваат по телефон, или по пат на електронска комуникација.

За повеќе информации контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на тел. број 02-3091440