Повик за номинирање на жени претприемачи за признание Western Balkans women entrepreneurs of the year

0
232

Во рамките на Акцискиот план за Заеднички регионален пазар 2021-2024 и Агендата за економско зајакнување на жените на RCC, Регионалниот совет за соработка (RCC) ја започнува регионалната иницијатива “Жени претприемачи на годината од Западен Балкан”, која има за цел да им оддаде признание на жените кои основале и развиле сопствен бизнис и допринеле за креирање на нови и одржливи работни места за други жени и мажи од нашиот регион.

Жените претприемачки се витални придонесувачи за просперитетот на Западен Балкан. Идејата на иницијативата е да им оддаде скромно признание на храбрите и борбени жени кои се осмелиле да се борат со стереотипите и да направат промена во балканските општества. Регионалниот совет за соработка ги поканува поединците, претставниците на јавни и приватни институции, претставници на стопанските комори и бизнис асоцијации, претставници на регионални и меѓународни партнерски организации од Западен Балкан да номинираат жени претприемачи за признанието “Western Balkan women entrepreneurs of the year” во повеќе категории:

  • Green Woman Entrepreneur – признание за жени претприемачи кои развиле или имплементирале зелени технолошки иновации, инвестиции во енергетски ефикасни системи и зелени методи на производство
  • Creative Woman Entrepreneur – признание за жените претприемачи кои развиле позната компанија поврзана со уметност, дизајн, култура, мода, lifestyle
  • Hospitality Woman Entrepreneur – признание наменето за жените претприемачи кои развиле компанија со позитивен социо-економски импакт и која успешно ги надминала предизвиците кои здраствено-економската криза предизвикана од вирусот Sars-Cov2 ги донесе во индустријата за туризам и угостителство
  • Roma Woman Entrepreneur – признание наменето за жени претприемачки Ромки кои покажале храброст и способност да се борат против стереотипите и сиромаштијата преку создавање пристојни работни места за недоволно застапените и ранливите категории на граѓани
  • Startup Woman Entrepreneur – признание посветено на жените претприемачи кои започнале startup бизнис (1-3 години на функционирање) кој демонстрирал иновативни решенија и потенцијал за раст
  • Young Woman Entrepreneur – признание за млади жени претприемачки на возраст до 30 години кои демонстрирале примена на иновации и зајакнување во економското делување

Победниците ќе бидат прогласени и претставени на Регионалната конференција за жени претприемачи од Западен Балкан која ќе се одржи на 11 март 2022 година во Тирана, Албанија и на која ќе се соберат жени претприемачи од целиот регион, вклучително и жени кои доаѓаат од академската заедница и жени претставници на меѓународните организации.

Повикот за номинирање на жени претприемачки за регионалното признание Western Balkans woman entrepreneurs of the year може да го погледнете на следниов линк.

За дополнителни информации, контактирајте не’ на телефонскиот број 02 3091-440 или на следнава емаил адреса: [email protected].