Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива, кој се имплементира од ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал во соработка со Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонијаи Сојуз на стопански комори на Македонија, има потреба од ангажман на маркетинг агенција за изработка три годишна маркетинг стратегија за промоција на агрегатниот веб портал www.biznisregulativa.mk, изработка на акционен план, изработка на маркетинг контент и спроведување и користење на истиот на социјалните медиуми и веб портали.
Постапката ја спроведува Друштвото за услуги и трговија ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал ДООЕЛ Скопје. Средствата предвидени за оваа набавка се обезбедени преку Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива. Буџетот за набавката на овој договор е фиксен. Договорот со избраниот понудувач ќе го склучи Друштвото за услуги и трговија ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал ДООЕЛ Скопје.
Предмет на договорот за набавка е изработка на три годишна маркетинг стратегија за промоција на агрегатниот веб портал www.biznisregulativa.mk, изработка наедногодишен акционен план врз основа на изработената стратегија и спроведување на маркетинг кампања преку социјални медиуми и веб портали.
Временскиот период за извршување на ангажманот е од ноември 2018 година до 30 септември 2019 година.
Сите заинтересирани кандидати ги покануваме да аплицираат со испраќање барање за подигање на тендерска документација со назначување на називот на правното лице, седиштето на правното лице, ЕМБС на правното лице и лице овластено за застапување .
Барањето да се достави преку електронска поштана следната електронска адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
На сите заинтересирани кандидати кои ќе го достават барањето за подигање на тендерска документација, ќе им биде доставена тендерската документација заедно со техничките спецификации.
Сите прашања поврзани со оваа постапка исклучиво треба да се доставуваат по електронски пат на истата електронска адреса.
Краен рок за поднесување на понудите е 05.11.2018 година до 11:00 часот. Пријавите кои ќе пристигнат по наведениот краен рок ќе се сметаат за задоцнети и нема да бидат земени предвид во натамошната евалуација.
Критериуми за утврдување на способност на кандидати:
- Лична состојба и
- Техничка или професионална способност
Критериуми за избор на најповолна понуда:
- Предлог план за организирање и начин на спроведување на истражувањето потребно за оцена на мислењата и барањата на корисници на агрегатен портал;
- Предлог на изработен маркетинг контент и начин на спроведување и менаџирање на профилите на социјалните мрежи (фејсбук и линкедИн)и 3( три ) веб портали;