Во насока на континуирано проследување на нови информации кое се однесуваат на стопанството, а поврзани со актуелната состојба за справување со ширењето на Ковид-19 и користење на економските мерки за справување со кризата, Сојузот на стопански комори на Македонија, Вe известува дека Управата за јавни приходи објави новата верзија на клиентски софтвер за користење на финансиска поддршка за исплата на плата и субвенционирање на 50% придонеси.
Врз основа на Уредба со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот covid-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година, работодавачот може да оствари право на финансиска поддршка во износ најмногу до 14.500 денари месечно по работник, согласно со работното време (полно или неполно работно време) на кое е пријавен работникот, намалено за работното време за кое се остварува надоместок на плата кој не паѓа на товар на работодавачот.
За остварување на правото работодавачот поднесува Барање за финансиска поддршка за исплата на плати за месеците април и мај 2020 година за секој месец поединечно, до Управата за јавни приходи.
Работодавачот со комплетно Барање (образец БФП-ИП), за работниците за кои побарува финансиска поддршка, во полето 3.4б. од МПИН образецот внесува шифра 5000. За внесување на шифрата 5000 во полето 3.4б од МПИН образецот, преземете ја новата верзија на клиентски софтвер на овој линк.
Соопштението на УЈП во целост може да се погледне на овој линк.
За повеќе информации контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на тел. број 02-3091440.