Можност за соработка со компанија од Берлин

Почитувани,

Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со Министерството за надворешни работи и Амбасадата на РМ во Берлин, Ве информира за можноста за соработка со компанија од Берлин која соработува со компании од секторот мебел и градинарските центри. 

Компанијата е заинтересирана да оствари соработка со македонска компанија која произведува керамички жардињери односно поседува поголем капацитет за производство во Република Македонија, без ограничување на форма и големина на производите. Производите понатаму ќе се обработуваат и декорираат и користат за прозорски прагови.

Доколку сте заинтересирани за остварување на трговско партнерство за наведените производите, како и за сите дополнителни информации, Ве молиме контактирајте не на телефон: 02 30 91 440 или на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..