Kayak Adventures е македонска компанија, член на Сојуз на стопански комори на Македонија која на уникатен начин ги промовира убавините на Македонија нудејќи услуги за спортски активности и тоа кајакарство, СУП (стоечко веслање) и рафтинг.

Тимот на Kayak Adventures е составен од искусни професионалци кои на забавен и безбеден начин организираат индивидуална или групна обука за кајакарење и СУП, еднодневни екскурзии или тим билдинзи за приватниот сектор како и изнајмување и продажба на опрема. Основач и управител е г. Лазар Поповски, кој е повеќекратен олимпиец.

Активностите ги спроведуваат на Кањонот Матка и директно придонесуваат за промоција на убавините на Македонија и алтернативниот туризам, а особено развој на кајакарството како спорт и поддршка на младите лица да практикуваат спортски активности. Исто така, активностите ги спроведуваат и на езерата во Велес, Маврово, Преспа, Охрид и Дојран. Располагаат со најсовремена, модерна опрема за кајакарење која ги исполнува највисоките стандарди за безбедност.

Ве покануваме да ја посетите веб страната на Kayak – www.kayak.mk FB страна https://www.facebook.com/kayakforfunMK/  или да го посетите профилот на инстаграм  https://www.instagram.com/kayak_adventures_macedonia/ ги контактирате за дополнителни информации и како може да ги користите нивните услуги.