Јавен повик за доставување на барања за користење на средства по мерка 1 „Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“ од ИПАРД Програмата 2014-2020

Во насока на континуирано проследување на нови информации кои се однесуваат на стопанството, Сојуз на стопански комори на Македонија Ве информира дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави Јавен повик за доставување на барања за користење на средства по мерка 1 „Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“ од ИПАРД Програмата 2014-2020.
 
Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од 60% од вредноста на вкупно прифатливити трошоци на инвестициите за мерка Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства.

Процентот се зголемува до 65% за инвестиции во земјоделски стопанства предложени од страна на млади земјоделци (физички лица на возраст од 18 години до 40 години на денот на поднесување на барањето за финансиска поддршка) и 70% за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области.

Крајниот рок за поднесување на барањата е 14 Април 2020 година.

Начин на поднесување на барањето: Барателот треба да пополни и поднесе Барање за користење на средствата од ИПАРД Програмата 2014-2020 за поединечна мерка 1 – Инвестиции во материјални сретства на земјоделските стопанства“ и придружна документација како што е наведено во Јавниот повик.

Пополнетото барање за користење на средства по мерка 1 од ИПАРД Програмата 2014-2020 и целокупната документација се доставуваат во затворен плик со назнака на предната страна на пликот во горниот лев агол „НЕ ОТВАРАЈ“ за Јавен оглас ИПАРД број 01/2020 и назначување на мерката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта како препорачана пратка или лично во писарницата на Агенциајта.

Напомена: Заради извршувањето на контролата на терен од страна на Агенцијата потребно е барателот да има кај себе копии од целокупната документација доставена до Агенцијата.

Печатените обрасци од барањето за користење на средства по мерка 1 од ИПАРД Програмата 2014-2020 и Упатство за корисници може да се подигнат директно во Агенцијата на адреса: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, бул. 3-та Македонска бригада бр.20, (згр. Македонија табак блок Ц) и во најблисите регионални центри или работни единици на Агенцијата, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот. Листата на регионални центри или работни единици на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството со податоци за контакт е објавена на веб-адресата www.ipardpa.gov.mk

ЈАВНИОТ ПОВИК во целост може да го погледнете на следниот ЛИНК

За сите дополнителни информации Ве молиме контактирајте не на телефон 02 3091 440 или на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..