Информација за донесени уредби со законска сила

Во насока на континуирано проследување на нови информации кое се однесуваат на стопанството, а поврзани со актуелната состојба за справување со ширењето на Ковид-19, Сојузот на стопански комори на Македонија Вe известуваме дека Владата на РСМ донесе уредби со законска сила за Закон за донации и спонзорства во јавни дејности, за Закон за минерални суровини, за Законот за трговија, за Законот за извршување и за Законот за превоз во патниот сообраќај  (Службен весник на РСМ бр.103 од 16.04.2020).

Во продолжение даваме краток преглед на истите:

Уредба за примена на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности

  • Се олеснува постапката за донирање, така што ако се донира кон буџетски корисник со цел сузбивање на Ковид-19, сега нема потреба од решение од Министерството за правда за потврда за јавниот интерес на донацијата.
  • Се овозможува, за донирање кон други субјекти, кои не се буџетски корисници, постапката за утврдување на јавниот интерес односно издавањето на решението од страна на Министерството за правда да се одвива и по електронски пат.

Уредба со законска сила за примена на Законот за минерални суровини за време на вонредна состојба

  • Роковите предвидени со Законот за минерални суровини престануваат да течат за време на траењето на вонредната состојба и  продолжуваат по истекот на траењето на вонредната состојба, но само за онолку денови колку што преостанале, и тоа од денот на истекот на траењето на вонредната состојба.

Уредба со законска сила за примена на Законот за трговија за време на вонредна состојба

  • Трговецот е должен да обезбеди редарска служба при влезот и во внатрешноста на објектот, за да се запази минимум два метри растојание помеѓу лицата пред и во објектот и да обезбеди спроведување на дезинфекција за раце при влез во објектот.
  • Трговецот е должен да постави соодветни ознаки со кои се обележува правецот на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на лицата пред и во објектот.
  • Глоба за непостапување по Уредбата се во износ од 500 до 2.000 евра.

Уредба со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примената на Законот за извршување за време на вонредната состојба

  • Се создава систем и можност за поединечно ослободување на секоја поединечна сметка на должниците, од страна на извршителите со цел непречено да ги користат во целост средствата од своите плати, пензии, но и секој тип на помош која се одобрува во овие вонредни услови на пандемија на КОВИД -19.
  • Целокупниот процес ќе се одвива електронски.           

Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за превоз во патниот сообраќај за време на вонредна состојба

  • При вршење јавниот превоз на патници, за време на траење на вонредната состојба, превозникот во возилото е должен да го организира превозот со задолжително одржување на растојание од најмалку два метри меѓу патниците и може да има најмногу 50% патници од вкупниот број на седишта, не сметајќи го седиштето на возачот.
  • Глобите за непочитување на уредбата се во износ од 250 евра до 500 евра.

Уредбите во целост може да ги погледнете на овој линк.  

За повеќе информации контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на тел. број 02-3091440.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here