Информација за донесени протоколи за работа на кафетерии, угостителски објекти и молови

Во насока на континуирано проследување на нови информации кое се однесуваат на стопанството, Ве информираме дека Владата донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за мерки за спречување на пренесување и ширење на коронавирус ковид-19 (Службен весник 170/20)

Согласно оваа одлука:

  • Од 26 јуни 2020 година може да отпочнат со работа кафетериите во РСМ со посетители, со задолжително почитување на Протоколот за отвoрање и работа на кафетерии од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство (Прилог број 7).
  • Од 26 јуни 2020 година може да отпочнат со работа и работни активности моловите на територија на РСМ, со задолжително почитување на Протоколот за отворање и работа на молови од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, (Прилог број 5).
  • Од 26 јуни 2020 година може да отпочнат со работа угостителските објекти и ресторани во моловите од кои вршат подготовка и продажба на храна, со посетители, со задолжително почитување на Протоколот за отвoрање и работа на угостителските објекти за исхрана (Прилог број 8)

За повеќе информации контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на тел. број 02-3091440.