Гарантна шема со посебен осврт на Индивидуални и Портфолио гаранции од Гарантен фонд беше тема на денешниот едукативен настан организиран од страна на Сојузот на стопански комори на Македонија во соработка со Развојна банка на Северна Македонија.
Претседателот на Сојузот на стопански комори, г. Трајан Ангелоски во своето воведно обраќање се заблагодари за досегашната соработка со Развојна Банка како значаен столб за поддршка на македонските претпријатија и за подобрување на конкурентноста на претпријатијата во процесот на прибирање на финансиски средства за реализирање на своите деловни активности.
Директорот на Секторот за кредитирање и гаранции, г. Александар Станојковски истакна дека гарантната шема е резултат на консултативен процес на меѓуресорска работна група од различни домашни и меѓународни институции, со цел воспоставување на механизам кој ќе обезбеди долгорочен пристап до финансии за малите и средни претпријатија во земјата, а по презентацијата се отвори и дискусија по поставени прашања од страна на учесниците.