Информациските и комуникациски технологии доколку се користат на соодветен начин можат да допринесат за значително подобрување на квалитетот на живот, работа и создавање нови вредности, со што повеќекратно се оправдуваат напорите за имплементација на овие технологии, реагира Саша Огненовски од ИКТ Комората на Македонија поврзано со полемиките кои се водат во јавноста околу воведување на дигитализација на учебниците во образовниот процес.

Истакнуваме дека овој став ИКТ комора го афирмира и промовира во изминатите десетина години со цел овие технологии да станат дел од институционалните политики со ставање особен акцент на нивната важност за унапредување на процесот на образование. За жал досега нема значаен и квалитет напредок на ова поле, за што зборува и континуираното назадување на образовниот систем.

Дигитализацијата допринесува за трансформација на економијата, владеењето и на општеството преку усвојување на постојните и на новите дигитални технологии. Дигитализирање на образованието, пак, значи засилување на процесите на учење со технологија. Се предвидува дека дигитализацијата во високото образование ќе овозможи квалитетен напредок, со овозможување на образование достапно за сите, но внимателно треба да се пристапува кога се во прашање основното и средно образование. Квалитет може да се постигне единствено доколку процесот се обликува да биде прифатлив за сите засегнати страни, бидејќи воведување на овие нови процеси во образованието ангажира и дополнителни средства за сите вклучени.

Водејќи се овие сознанија, ИКТ комората истакнува дека дигитализација на образовниот процес, треба да се реализира во поинаков процес, кој ќе биде инклузивен, со вклученост на сите засегнати страни со цел креирање најдобри можни решенија кои нема да се соочат со проблеми при имплементација.

Ставот на ИКТ комората е дека е потребно во прва фаза да се дигитализираат содржини кои на соодветен, а пред се визуелен начин на учениците ќе им обезбедат разбирање на наставните содржини, особено на оние содржини за практична или факултативна настава, кои е невозможно да се изведат во училишните простории. Инвестицијата на владата во овој поглед треба да биде преку креирање соодветна интернет платформа на која ќе се овозможи достапност на квалитетни содржини, кои ќе бидат прифатливи за сите, но најмногу за учениците.

Воедно потребно е да се напомене дека при набавка на соодветна опрема за училиштата истата потребен е индивидуален пристап при јавните набавки, бидејќи секој субјект или образовна институција има специфични потреби и соодветно на тоа треба да се креира соодветна постапка за набавка на опрема. Во однос на учениците, потребно е да се предвиди помош за сите категории кои немаат соодветни можности која може да се реализира со доделување ваучери за набавка на неопходната ИКТ опрема.

Важно е да се занемари потребата од квалитетен пристап до содржините, односно потребата да се овозможи стабилен интернет пристап за секој и секаде во државата, како сите би имале еднакви можности во едукативниот процес. Во овој дел потребно е вложување од централната и локалната власт, за развој на интернет мрежата во руралните средини во соработка со интернет провајдерите.

ИКТ комората истакнува подготвеност активно да се вклучи во просецот ставајќи ги на располагање на надлежните институции своите професионални капацитети се со цел да се креира најдобро можно решение