Работилницата „Дигитален штит: Менаџмент во ера на сајбер закани“
Почитувани,
ИНОФЕИТ ЕДИХ и Воената академија Ве покануваат да учествувате на работилницата „Дигитален штит: Менаџмент во ера на сајбер закани“, која ќе се одржи на 19 мај 2026 година, во просториите на ИНОФЕИТ, со почеток во 09:00 часот.
Работилницата е наменета за менаџери, носители на одлуки, лица задолжени за безбедност и управување со ризици во компаниите и јавните институции, како и за вработени и професионалци кои имаат интерес за сајбер безбедност, дигитална заштита и управување со современи безбедносни ризици.
📍 Локација: ИНОФЕИТ
📅 Датум: 19 мај 2026
🕘 Време: 09:00 – 15:45
Агендата и начинот на пријавување се достапни на следниот линк:
https://innofeit-edih.mk/дигитален-штит-менаџмент-во-ера-на-са/
Бројот на места е ограничен, затоа Ве охрабруваме навремено да го потврдите Вашето учество.
Со почит,
