Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) Ве информираат дека ЕБОР создаде онлајн платформа за учење за управување во криза, дизајнирана конкретно за микро, мали и средни компании на кои сега најмногу им треба практична помош за справување со последиците од корона вирусот.
Бесплатната програмата е достапна во 30 земји каде што ЕБОР има канцеларии и се наоѓа на платформа на банката – The Know How Academy и е централно место каде што претприемачите ќе имаат пристап до обуки и ќе можат да добијат советување за кризен менаџмент од индустриски експерти, а можат да се вклучат и во форуми за дискусија со нивните колеги.
Создадена од ЕБОР како дел од нејзината силна поддршка за компаниите во сегашната криза, програмата ќе се фокусира на 5 клучни столбови во бизнисот:
- Кризен менаџмент: Вашите клиенти и добавувачи,
- Кризен менаџмент: Основи на финансиски менаџмент,
- Кризен менаџмент: Финансирање на вашата компанија,
- Кризен менаџмент: Вашите вработени – вашиот клучен капитал,
- Кризен менаџмент: Предизвици на управувањето и лидерство.
Првите два модули Кризен менаџмент: ,,Вашите клиенти и добавувачи“ и ,,Основи на финансиски менаџмент“ се веќе достапни на следниот ЛИНК. Овие модули обезбедуваат совети за тоа како да го одржите во движење кругот на снабдување и наплата и имаат корисни информации за основите на финансискиот менаџмент во време на криза. Останатите три модули ќе бидат достапни наскоро. Програмата е на англиски, арапски, руски, турски и украински јазик. За повеќе информации за обуките обратете се на емаил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или тел. 070/379508, контакт лице: Соња Ингилизова.
За дополнителни информации контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на тел. број 02-3091440.