Лидерство за резултати: Различни стилови на лидерство и деловен успех

Лидерство за резултати: Различни стилови на лидерство и деловен успех

Јасна визија, одговорност за резултатите и простор за различни идеи

Успешното лидерство бара јасна визија и одговорност за постигнатите резултати. Негова задача е и да создаде средина во која различните искуства и идеи можат да поттикнат иновации.

Ова беше пораката на д-р Загорка Блажевска, претседателка на Комората за трговија и дистрибуција при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) и извршна директорка на Вита Нова, во панел-дискусијата на работилницата „Лидерство за резултати: разновидно лидерство и деловен успех“.

Во дискусијата за тоа што го прави еден лидер успешен, д-р Блажевска ги истакна менторството, довербата и еднаквите можности како основа за развој на следната генерација бизнис лидери. За компаниите, тоа значи да им дадат простор на луѓето да преземат одговорност, да предложат поинакво решение и да напредуваат врз основа на своите способности и резултати.

Работилницата, организирана од Економскиот факултет – Скопје при УКИМ и Обединетите нации, ги собра претставниците на бизнис-заедницата, академската јавност, студентите и носителите на политики на разговор за придонесот на разновидното лидерство кон иновациите, конкурентноста и долгорочниот деловен успех.

Можеби ќе те интересира...

Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија

Контакт инфо.