Младите се иднината на модерното земјоделство!

Младите се иднината на модерното земјоделство!

Делегација на ССКМ присуствуваше на „АГРО ЕКСПО на ЕУ проекти 2026“ — настан посветен на иновациите, современите технологии и новите можности за развој на земјоделството.
🤝 Претседателот на ССКМ, Горан Ѓорѓиевски, упати иницијатива за заедничка програма на факултетите, институциите и компаниите, со која преку стипендии, платена практична обука и можности за вработување ќе се мотивираат средношколците да го изберат земјоделството како своја професија.
💬 „За модерно земјоделство ни требаат и современи технологии и млади луѓе кои ќе знаат да ги користат. Да им покажеме на младите дека земјоделството е професија на иднината. Агро комората е подготвена да биде активен партнер во оваа иницијатива“, порача Ѓорѓиевски.
💬 „Младите не треба да наследуваат само земја и обврски. Треба да наследуваат профитабилен бизнис со перспектива. Како комора, сакаме да бидеме гласот на производителите на храна и партнер во развојот на модерно, конкурентно и одржливо земјоделство“, истакна Васка Мојсовска, претставничка на Агро комората при ССКМ.
Настанот обедини 15 европски проекти, земјоделска механизација и опрема, производители на храна и практични демонстрации — можност за размена на знаења и воспоставување нови партнерства.
Со вложување во знаење, луѓе и технологии, создаваме услови за посилно македонско земјоделство!

 

Можеби ќе те интересира...

Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија

Контакт инфо.