СТАВ : Измени на Законот за игри на среќа

СТАВ : Измени на Законот за игри на среќа

Групацијата за игри на среќа при ССКМ внимателно ги следи предложените измени на Законот за игри на среќа и апелира на внимателен, инклузивен и аргументиран пристап при носењето на законските решенија.
👍 Ја поддржуваме потребата од унапредување на регулативата, особено во делот на заштитата на малолетниците, превенцијата од зависности и јакнењето на механизмите за одговорно приредување.
✋ Истовремено, сметаме дека предложената мерка за задолжителна оддалеченост од 500 метри отвора сериозни економски, практични и правни прашања кои бараат дополнителна анализа и институционален дијалог.
⭕️ Веруваме дека одржливи законски решенија можат да се постигнат преку:
➡️ широк јавен дијалог
➡️ консултација со сите засегнати страни
➡️ анализа на европските практики
➡️ проценка на реалните економски и социјални ефекти
👍 Како Групација остануваме целосно посветени на принципите на законито, одговорно и транспарентно приредување игри на среќа, со фокус на ефикасна заштита на младите, но и зачувување на правната сигурност и стабилен деловен амбиент.

Можеби ќе те интересира...

Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија

Контакт инфо.