Chamber

Процес на тестирање на системот за е-ФАКТУРА

Процес на тестирање на системот за е-ФАКТУРА

Почитувани,

Во соработка со Управата за јавни приходи (УЈП), Ве покануваме да присуствувате на Работилница посветена на процесот на тестирање на системот за е-Фактура, кој ќе се одржи на:

Датум: 11.06.2026 година (четврток)

Време: 12:30 часот

Локација: Просториите на ССКМ

Целта на работилницата е:

  • Презентација на тековната имплементација на системот за е-фактура
  • Презентација на процесите и даночните индикатори
  • Тестирање на тест сценарија преку апликацијата

Работилницата ќе овозможи отворена дискусија со цел заедничка и успешна имплементација на Проектот е-Фактура.  Воедно, ќе имате  можност да ги споделите Вашите предлози и предизвици, да поставувате прашања и да ги споделите спецификите во процесот на фактурирање во рамки на Вашата дејност.

Со цел поефикасна организација и поквалитетна дискусија, Ве замолуваме да се пријавите на формата за пријава и доколку имате конкретни прашања, предизвици или теми поврзани со системот за е-фактура да ги внесете во формата за пријавување или истите да ни ги доставите најдоцна до 08.06.2026 година на е-пошта: info@chamber.mk.

Вашето присуство и активно учество ќе придонесат кон поефикасен и поквалитетен процес на дигитализација и унапредување на електронското фактурирање.

е-фактура 11/6/2026

Име и презиме(Required)
Email(Required)
Доколку настанот се оддржува и онлајн дали повеќе сакате приство ...
Со цел поефикасна организација и поквалитетна дискусија, Ве замолуваме доколку имате конкретни прашања, предизвици или теми поврзани со системот за е-фактура или пратете на info@chamber.mk

 

 

Со почит,

Сојуз на Стопански Комори на Македонија

Можеби ќе те интересира...

Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија

Контакт инфо.