Chamber

ССКМ партнер на донаторски настан за промоција на социјалните претпријатија

ССКМ партнер на донаторски настан за промоција на социјалните претпријатија

Сојузот на Стопански комори на Македонија – ССКМ, беше партнер на донаторски настан за промоција на социјалните претпријатија, чија цел е поддршка на развојот на социјалното претприемништво. Настанот за донација за шелтер на штркови и вмрежување помеѓу бизнис секторот, институциите и граѓанските иницијативи, се реализираше со заедничка поддрша од страна на Сојузот на Стопански комори на Македонија – ССКМ, Министерството за социјална политика, демографија и млади, Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА и Стопанската комора на Северо-западна Македонија, обединувајќи компании и организации посветени на создавање одржливи и општествено одговорни бизнис-модели.
Претседателот на Управниот одбор на ССКМ, Драган Пехчевски ја истакна значајноста на социјалното претприемништво, како клучен фактор за поттикнување одржлив економски развој, социјална инклузија и создавање долгорочна општествена вредност. Преку ваквите иницијативи се зајакнува еко-системот за социјални претпријатија и се поттикнуваат иновативни решенија со позитивно општествено влијание.
Сојузот на Стопански комори на Македонија – ССКМ останува посветен партнер и поддржувач на иницијативи што придонесуваат кон инклузивен и одржлив економски развој.

Можеби ќе те интересира...

Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија

Контакт инфо.