Chamber

Агенцијата за храна и ветеринарство – Key Hole систем

Агенцијата за храна и ветеринарство – Key Hole систем

Почитувани,

По насока на директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, д-р Оливер Миланов, во прилог Ви се доставува допис (истиот ќе ви биде доставен и по пошта) во врска со имплементација на нордискиот систем за означување на здрава храна (KEYHOLE систем).

KEYHOLE претставува позитивна етикета со која се идентификува здравата храна во рамки на секоја категорија прехранбени производи. За да може еден производ да биде означен со KEYHOLE симболот, истиот мора да исполнува одредени барања во однос на составот,  односно треба да има помало количество на масти, шеќер и сол, а повиско количество на диетални влакна за разлика од другите прехранбени производи кои припаѓаат на истата категорија.

Содржината на прописот ви се доставува во прилог на овој e-mail.

Ве замолувам за проследување на информацијата до вашите членови.

Интересот за имплементација на овој систем, заинтересираните  може да го потврдат на следната електронска пошта: keyhole@fva.gov.mk

Доколку помеѓу производителте на храна во Република Северна Македонија постои интерес за воведување на овој систем, од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство ќе бидат превземени соодветни чекори.

Ви стоиме на раполагање за дополнителни информации.

Со почит,

Катерина Јоновска
Помлад соработник
Сектор за ЕУ и меѓународна соработка

Агенција за храна и ветеринарство

Тел.  +389 2 2457 893 локал. 128

Моб.тел: +389 70 40 94 51

е-маил:kjonovska@fva.gov.mk

www.fva.gov.mk

Можеби ќе те интересира...

Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија

Контакт инфо.