Драган Митковски реизбран на функцијата претседател ка Комората на сметководители

0
3889

На редовното годишно Собрание на Комората на сметководители на Македонија кое се одржа денеска г-динот Драган Митковски беше реизбран на функцијата претседател на Комората. На седницата беа избрани и нови членови на Управен одбор, како и на Надзорен одбор на Комората.

Присутните членови на Собранието на Комората на сметководители на седницата во дискусијата по точките од дневниот ред ги споделија своите мислења околу предизвиците со кои се соочува сметководствената професија, нејзиното значење и улога во надминување на последици од кризата како и за можностите за нејзино подобро регулирање и создавање на услови за унапредување на професијата.

Членовите на органите на управување информираа за досегашните активности кои се преземени во комуникација со надлежните институции и поднесените барања и предлози поврзани со примена и промена на регулативата.