Посилно женско претприемништво преку регионална соработка и нови деловни партнерства

Посилно женско претприемништво преку регионална соработка и нови деловни партнерства

Поврзувањето на жените претприемачи, размената на искуства и отворањето можности за соработка се значајни предуслови за раст на компаниите и зајакнување на регионалната економија.

Во таа насока, на 30 октомври 2026 година, во Приштина, Косово, претседателката на Комората за трговија и дистрибуција при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ), д-р Загорка Блажевска, и претседателката на Комората за противпожарна заштита и управување со кризи, м-р Марија Кукуновска при ССКМ, присуствуваа на регионалната конференција „SHE RISES REGION 2026“, посветена на женското претприемништво и B2B деловното поврзување.

Конференцијата овозможи размена на знаења и искуства, проширување на професионалните мрежи и согледување можности за партнерства меѓу жените претприемачи, компаниите и инвеститорите од регионот.

💬 „Регионалното поврзување им отвора на жените претприемачи можности за пристап до нови пазари, деловни партнери и знаења. Преку ваквите средби создаваме основа за долгорочна соработка што може да придонесе за раст и поголема конкурентност на нашите компании“, посочи д-р Загорка Блажевска.

💬 „Женското лидерство има значајна улога во градењето отпорни компании, подготвени да одговорат на современите предизвици. Размената на искуства меѓу различни сектори ни помага да препознаеме заеднички потреби и можности за нови деловни иницијативи“, истакна м-р Марија Кукуновска.

Учеството на претставничките на ССКМ е дел од заложбите за унапредување на регионалната економска соработка, поддршка на женското претприемништво и создавање услови за посилно деловно поврзување.

ССКМ продолжува да поддржува иницијативи што ги поврзуваат компаниите, поттикнуваат размена на знаења и отвораат нови перспективи за развој на македонскиот бизнис-сектор.

Можеби ќе те интересира...

Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија

Контакт инфо.