АИ во маркетинг – покана за настан
Почитувани,
Како партнер во проектот INNOFEIT EDIH, Сојузот на стопански комори на Северна Македонија (ССКМ) ве поканува на интерактивна работилница организирана од DINNA AI и INNOFEIT EDIH.
Работилницата е посветена на практичната примена на вештачка интелигенција во дигиталниот маркетинг и комуникација кај малите и средни компании. Ќе бидат презентирани алатки и пристапи за подобрување на бренд комуникацијата, автоматизација на маркетинг активностите и оптимизација на буџетот.
Настанот е наменет за сопственици, основачи и маркетинг менаџери на мали и средни компании кои сакаат да ја подобрат својата дигитална присутност, да го оптимизираат маркетинг буџетот и да научат како AI може да придонесе за растот на нивниот бизнис.
📅 25 март 2026
🕥 11:00 часот
📍 ИНОФЕИТ, Ул. Руѓер Бошковиќ 18, Скопjе
Повеќе информации можете да најдете на следниот линк: https://innofeit-edih.mk/ai-%d0%b2%d0%be-%d0%bc%d0%b0%d1%80%d0%ba%d0%b5%d1%82%d0%b8%d0%bd%d0%b3/
Ве молиме потврдете го вашето присуство со регистрација на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdtzSPIrkdCE1Ys_MGlliYMGKvHcw81ZfTdiTh2thbRhuC0_A/viewform
Со почит,
Сојуз на Стопански Комори на Македонија
