ССК додели Плакета на „Аптеки Виола“ по повод одбележување на нејзиниот 30-годишен јубилеј

Сојузот на стопански комори на Македонија додели Плакета за високи достигнувања во развојот на фармацевската дејност, како и активен придонес во коморските активности на ПЗУ „Аптеки Виола“ по повод одбележување на 30 годишен јубилеј од  нејзиното основањето. Потпретседателот на Сојузот, проф. д-р Орце Симов, Плакетата ја врачи на свечен настан кој беше организиран по повод отворање на нови деловни простории на „Аптеки Виола“ во Скопје.

„Аптеки Виола се синоним за доверба, професионалност, авторитет и лојалност. Одговорно и посветено веќе три децении се во  функција на граѓаните, обезбедувајќи им квалитетна и навремена услуга, по најдостапни услови. „Виола“ прерасна во вистински амбасадор на македонски успешен бизнис, и голема чест е што е наш активен член и соработник“, истакна проф. д-р Симов.

Приказната за „Аптеки Виола“ почнува во 1992 година со отворање на првата аптека во скопската населба Црниче, а денес брои 15 аптеки. Примарна дејност на компанијата е издавање на лекови на позитивна листа, комерцијални лекови на рецепт,  лекови без рецепт, додатоци во исхрана, медицински помагала , изработка на магистрални препарати “EX TEMPORE” , како и давање на совет, консултации и услуги од областа на здравство во функција на одржување на здравјето. Работењето на компанија е проследено со постојана надградба, воведување на иновации и следење на трендовите со цел да одговори на барањата и потребите на пациентите.

“Виола Аптеки се современа компанија чиј примарен фокус на работа е здравствената заштита на граѓаните, преку постојано следење и имплементација на новитетите за превенција и лекување на човековиот организам. Од своето основање во 1992 год., компанијата бележи континуиран раст и развој. Дисциплинираните работни навики, храброста, трудот, безрезервното вложување во она во што се верува, лојалноста спрема вработените, соработниците и клиентите секогаш дава резултати “, истакна Марија Фидановска, сопствени на „Аптеки Виола“, додавајќи дека сонот за сопствен деловен простор се остварува истовремено со одбележувањето на јубилејот, што прави да имаат две причини за славење. „Аптеки Виола“ е меѓу првите пет компании од приватно здравствено регистрирани во Македонија и е добитник и на признанието за „Македонски квалитет 2021“ кое се доделува под покровителство на Претседателот на РСМ.  Фидановска е прогласена за жена менаџер во 2006 година и е потпретседател на Комората за приватно здравство при Сојузот на стопански комори.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here