Средба помеѓу ССКМ и претставници на кинеската провинција Сечуан
Денес во просториите на Сојузот на стопански комори на Македонија се оствари средба помеѓу делегација на кинеската провинција Сечуан, предводена од потпретседателот на комитетот на (CPPCC*), Лин Шученг и потпретседателите на комората, Сашо Дукоски, Горан Ѓорѓиевски, Ромео Костадиновски, Аркан Керим, Евалд Коениг, како и членки на комората.
Се разговараше за потенцијалните области на соработка и зајакнување на економските и трговските односи меѓу нашите региони, а во фокусот беа ставени областите како енергетика, земјоделството, медицинска опрема и грижа и туризам.

Сечуан е важна провинција во Кина, позната по своето богато културно наследство и економски развој, во различни сектори, вклучително и технологија, производство, финансии и туризам, а исто така е позната и како родното место на мечката панда, национален симбол на Кина.
