Да поддржиме македонска компанија во најнова иновација !
Почитувани,
Компанијата Металотехника од Прилеп има развиено производ за огно-заштита и превенција од пожар. Клипче од перформансите на производот е во прилог на овој мејл. Според нас, ваков производ може да најде сериозна примена кај сите инсталации/објекти кои наложуваат значителна заштита од пожари: Складирање на електрична енергија (батерии) екакви енергетски постројки Електрични автомобили Индустрии каде има употреба на фосилни горива
Од она што успеавме да го најдаме, ретки се вакви производи во светот, поради што треба особено да честитаме на компанијата за остварувањето.
Од нивна страна, тие сакаат да аплицираат во меѓународен проект, поради што им треба нашата
необврзувачка поддршка.
Во прилог е писмо за поддршка (МК или ЕН верзија, зависно од вашите преференци),
каде од ваша страна е потребно да се дополнат основните податоци за компанијата, со печат.
Ве молам пополнетите писма да ги пратите на info@chamber.mk и metalotehnikadoo@gmail.com
најдоцна до 05.11.2025 до 12 часот
Вашата поддршка потребно е да ја пополните и доставите. Документот е на следниот линк
Kind regards
