ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА – ЦЕФТА

0
113

ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 – АП6

АП6 воспоставува рамка за либерализација на трговијата со услуги помеѓу ЦЕФТА Договорните страни. Тој предвидува отстранување на ограничувањата на трговијата со услуги, олеснување на пристапот на пазарот и елиминирање на дискриминацијата на странските компании од другите ЦЕФТА страни од страна на домашните.

Трговијата со услуги расте побрзо од стоките. Иако услугите директно сочинуваат само околу 1/4 од глобалната трговиjа, тие придонесуваат за 45% од глобалната трговиjа во смисла на додадена вредност. Ова е затоа што глобалните синџири на
вредност се сè повеќе услужно интензивни. Сите бизниси можат да имаат корист од AП6 (дури и во земјоделството и индустријата) бидејќи ќе имаат пристап до поефикасни посреднички услуги. Обврските на АП6 ги либерализираат секторите како што се професионалните услуги (ревизија, архитектура, инженерство, правни, итн.), компјутерските и сродни услуги, телекомуникациите,
градежништво, дистрибуцијата, финансиски теуслуги, здравство, образование, туризам и услуги поврзани со патување и транспорт.

Повеќе на линкот: https://chamber.mk/wp-content/uploads/2024/03/Newsletter-CEFTA-AP6-ITC-MKD-FINAL-1.pdf