Средба помеѓу ССКМ и претставници на кинеската провинција Сечуан

0
103

Денес во просториите на Сојузот на стопански комори на Македонија се оствари средба помеѓу делегација на кинеската провинција Сечуан, предводена од потпретседателот на комитетот на (CPPCC – Chinese People’s Political Consultative Conference), Лин Шученг и потпретседателите на комората, Сашо Дукоски, Горан Ѓорѓиевски, Ромео Костадиновски, Аркан Керим, Евалд Коениг, како и членки на комората.

Се разговараше за потенцијалните области на соработка и зајакнување на економските и трговските односи меѓу нашите региони, а во фокусот беа ставени областите како електричната енергија, земјоделството и традиционална кинеска медицина.

Сечуан е важна провинција во Кина позната по своето богато културно наследство и економски развој, во различни сектори, вклучително и технологија, производство, финансии и туризам. а исто така е позната и како родниот град на Панда.

(CPPCC– Chinese People’s Political Consultative Conference)