Средба на претставници на ССКМ со почесниот конзул на Р.С.Македонија во Израел

0
95

Денес во просториите на Сојузот на стопански комори на Македонија се оддржа состанок со почесниот конзул на Р.С.Македонија во Израел г-дин Шлаомо Грациани, г-дин Градимир Шумковски, почесен конзул нa Изрaел во Р.С. Македонија и претседателот Трајан Ангелоски, Горан Ѓорѓиевски, Сашо Дукоски, Орце Симов и Драган Пехчевски член на Управен одбор.

На состанокот се разговараше за формирање на бизнис-мрежи на сорабoтка, полесен пристап до информации, креирање на мерки за брзо и ефикасно зајакнување на компаниите, овозможување услови за следење на современите текови, пристап до поголеми пазари, односно овозможување на услови за управување со бизнисите.

Се потенцираше можноста за соработка на ССКМ со ( FICC ) – Федерација на израелски стопански комори која е организација на шест регионални стопански комори: Тел Авив, Ерусалим, Хаифа, Бир Шева, Еилат и Назарет, секоја од нив ги застапува интересите на своите членови во различни официјални ентитети и обезбедува консултации за индивидуални бизниси.

ССКМ продолжува дополнително да работи во интерес на бизнис секторот на застапување намалување на увозните бариери, со поддршка на пазарната економија и слободната конкуренција и нови пазари .

Како заклучок на состанокот, во интерес на подобрување на економските релации, главна заложба е договорот за слободна трговија помеѓу двете пријателски земји, со прилагодување на регулативите за потребите на бизнис секторот.