ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ 01/2025 за набавка на услуги – Анализа на секторите на Сина Економија во РСМ и анализа на пазарот на работна сила во секторите на Сина економија во Македонија

0
185

За потребите на проектот GROWTH4BLUE во рамки на ИНТЕРРЕГ ИПА АДРИОН Програмата подржана од Европска Унија и имплементиран од Сојузот на стопански комори на Македонија, врз основа на Договорот за грант, Сојузот на Стопански Комори на Македонија објавува:

ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ 01/2025

За набавка на услуги – Анализа на секторите на Сина Економија во РСМ, и анализа на пазарот на работна сила во секторите на Сина економија во РСМ

  1. Сојузот на Стопански Комори на Македонија – ССКМ за потребите на проектот GROWTH4BLUE во рамки на ИНТЕРРЕГ ИПА АДРИОН програмата подржана од Европска Унија во кој Сојузот на стопански комори се јавува како проектен партнер, а врз основа на Договорот за грант спроведува набавка за спроведување на детална анализа на секторите во областа на Сина економија и анализа на пазарот на работна сила во претходно наведените сектори на територија на Република Северна Македонија.

Подетален опис на бараните услугите се наоѓа во ТоР-проектната задача и поканата.

    Потребно е да се испорачаат услугите по барање на нарачателот во период од месец Февруари 2025 заклучно со месец Април 2025 година.

    Начин на доставување на понудите:

    Понудите треба да се испратат на е-мејл адресата: [email protected] со наслов на е-мејл пораката: За Повик 01/2025 – проект Growth4Blue. Краен рок на доставување на понудите е до 26ти Февруари  2025 година до 16 часот.

    Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид. Секој понудувач може да учествува само со една понуда.

    Сите дополнителни појаснувања може да се добијат преку адресата на е-поштата на ССКМ на  [email protected] или на [email protected]  најдоцна до 24-ти февруари 2025 година.