Оглас за избор на компанија за изработка на едукативна дигитална платформа

0
25

Сојузот на Стопански Комори на Македонија – ССКМ за потребите на иницијативата „Зајакнување на лидерската улога на жените во приватниот сектор преку подобрување на меките вештини и финансиската писменост на жените и спроведување на дигитализација во процесот на вмрежување и едукација на жените претприемачи “, спроведувана во рамки на проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем„ финансиран од УСАИД и спроведуван од Консалтинг за стратешки развој, спроведува набавка на услуги за компанија за изработка на едукативна дигитална платформа.

Потребно е да се испорачаат услугите по барање на нарачателот во период од јуни 2024 до октомври 2024 година.

Понудите треба да се испратат на е-мејл адресата: [email protected]  со наслов на е-мејл пораката: За Повик 01/2024 – проект SDC. Краен рок на доставување на понудите е до 28 јуни  2024 година до 14 часот.

Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид. Секој понудувач може да учествува само со една понуда.

Сите дополнителни појаснувања може да се добијат преку адресата на е-поштата на ССКМ на [email protected]  најдоцна до 26 јуни 2024 година.

Во прилог се следните документите