Десет компании кои според строгите критериуми се квалификуваа и ги исполнија овие услови преку нивните преставници денес го добија престижното Признание “Македонски квалитет 2023” кое традиционално го доделува Сојузот на стопански комори под покровителство на Претседателот на P.C.Mакедонија г-дин Стево Пендаровски.
Свечениот настан се одржа во претседателската резиденција „Вила Водно“, а признанијата ги доделија претседателот г-дин Стево Пендаровски и претседателот на Сојуз на стопански комори г-дин Трајан Ангелоски.
Во согласност со воспоставените критериуми, добитници на годинешните признанија за “Македонски квалитет 2023” се компаниите: “Виталиа Никола и др”, “Винарија Милев”, “Бучен Козјак ДОО”, “Рикомак”, “Сигма СБ”, “Еуро Консалт Плус”, “Кав Комерц”, “Агриа – Агроиндустриска Групација Велес”, “Центар за очи – Визиа”, и “Билкилајф- центар за хербализам, туризам и одржлив развој”.
,,Овие претпријатија не само што не отстапија од својата посветеност на квалитетот, туку креираа своја специфична препознатливост во својот сектор и допридонесоа и за повисок економски раст и промоција на нашата економија со нивната препознатливост да креираат квалитетни производи и услуги .Малите и средни претпријатија играат единствена, активна и круцијална улога во економскиот развој, иновациските процеси, технолошките достигнувања и подобрувањето на целокупниот амбиент како и целокупното ниво на нашата економија. Тие на најдобар можен начин ја претставуваат енергијата на претприемачкиот дух и во суштина го стимулираат економскиот развој,,истакна Трајан Ангелоски претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија.
Денес избраните компании докажаа дека можат зацртаните и поставените цели да ги реализираат, се со цел на постигнување на мисијата и со вградување на промени и дополнувања допринесоа во одредувањето на идните насоки на развој на бизнисот. Овој приоритет подразбира зголемување на продуктивноста,подигнување на конкурентноста на економијата, масивно вложување во иновациите и технолошкиот развој , за кои денес избраните издвоени компании се веќе препознатливи на пазарот.
Оваа манифестација се одржува секоја година во знакот на оддавање признание и промовирање на деловните успеси на македонските претставници на национален бренд за тековната година.