Chamber

БОМИ 10 Логистик

БОМИ 10 Логистик

Локација: ул.35 бр. 67 Илинден

Емаил адреса

info@bomi10.com.mk

Контакт телефон

+389 22522200

Веб страница

#Веб страница за компанијата

Боми 10 е  компанија со повеќе од 36 години искуство во областа на меѓународниот транспорт, логистиката, магацинското работење и царинските услуги.

Основана како семејна фирма со само 1 возило, компанијата континуирано се развиваше и денес со 60 сопствени возила, 120+ вработени и 20.000м2 магацински простор, претставува една од најголемите компании во Македонија за меѓународен транспорт и шпедиција.

Од своето основање, Боми 10 ја гради својата репутација врз доверба ,сигурност ,професионален пристап, долгорочни партнерства.

Со континуирани инвестиции во возен парк, инфраструктура и кадар, компанијата успешно ги следи европските стандарди и трендови во логистиката.

Нашата мисија е да обезбедиме сигурни, ефикасни и транспарентни логистички решенија кои директно придонесуваат за растот и успехот на нашите клиенти.

Нашата визија е да останеме водечки логистички партнер во Македонија и Балканот, препознатлив по квалитет, иновации и стабилни долгорочни соработки.

Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија

Контакт инфо.