
info@els.mk

13990/15990
#Веб страница за компанијата
Еко Логистик Сервис е апсолутен лидер во вршењето на поштенски услуги на секаков вид на пратки.
Единствена приватна пошта која ги поседува сите домашни и меѓународни лиценци.
Еколошка компанија која користи електрични возила а за останатите возила користи еколошки горива. Ние поддржавме најголем број еколошки акции со директно вклучување и со исто темпо продолжуваме и понатаму. Поддржувaме и финансираме хуманитарни акции во државата и странство.
Агенцијата за Пошти ја прогласи Еко Логистик Сервис за најдобра приватна пошта во сите категории (пратки за конверзација, пакети, обем и приход) со пазарно учество од над 50% во последните години.
Еко Логистик Сервис е финансиски стабилен правен субјект.
Средствата за работа се во сопственост на компанијата.
Процесот на достава вклучува возила со различна носивост и габарит. Во процесот учествуваат над 450 вработени врвно обучени и опремени.
Еко Логистик Сервис има најголема мрежа на подружници (хабови) во сите градови со бројка од околу 100 хабови технички и безбедносно опремени следејќи ги светските трендови,така што со овој концепт на најразвиена мрежа поблиску се доближивме до компаниите и граѓаните.
Автоматска обработка на пратки со комплетна евиденција поддржана од најсовремен систем www.customer.els.mk. Во системот се интегрирани најсовремените светски стандарди за поштенско работење и клиентите можат да ги следат пратките во реално време.
Отвораме fulfillment центар за складирање, селектирање и пакување на стока. Ја проширување нашата мрежа за регионална достава на пратки и им ја олеснуваме работата на нашите партнери.
Иновациите и новите продукти не прават различни од останатите поштенски субјекти во држава. Еко Логистик Сервис за прв пат воведува гардеробер во секој хаб и овозможува проба и проверка на пратките. Нудиме решение за пакување со брендирани кутии со различни волумени, безбедносни кеси и специјални ознаки за кршливи пратки.
ЕЛС како водечка компанија се издвојува како пошта со најмногу услуги.
Новите продукти се атрактивен пакет за подобрување на продажбата на нашите партнери:
1. Експрес брза пратка во Скопје.
2. Брза пратка во ист ден во сите градови. Нашите возила се обраќаат 3 пати во денот.
3. Габаритни пратки доставени до соба (достава со повеќе доставувачи)
Контакт инфо.
