Chamber

Татјана Велиновска Димовска

Татјана Велиновска Димовска

Велидент Трејд Дооел, Скопје
Татјана Велиновска Димовска е магистер по економски науки и CEO на Велидент Трејд, Скопје – Македонија, компанија со успешна 30-годишна работа во областа на продажба во денталниот сектор и првенец во инклузијата на дентални импланти на македонскиот пазар. Во 2016 година е прогласена за една од топ 10 најуспешни имплант менаџери во Европа и добитник на престижна меѓународна награда за личен придонес во развојот и растот на имплантологијата во Македонија, во корелација со постигнатите резултати и цели. Успешно работи на полето на континуирана стручна едукација за денталниот сектор во Македонија, регионот и на меѓународно ниво од 2005 год. Основач е и Генерален Менаџер на првиот имплантолошки клуб во Македонија – IMPLA Study Club Macedonia во 2019г. Основач е и Генерален Менаџер на меѓународно акредитиран референтен Центар за Дентална Дигитализација – Smart Dental Solutions во 2021г. Основач и член на УО на Комората на Приватно Здравство при Сојузот на Стопански Комори на Македонија, каде е еден од креаторите на Концептот за спроведување смарт специјализирана едукација и воведување на дигитален тек на работа во денталниот сектор. Прогласена за Лидер во претприемништво во денталниот сектор во регионот во 2022г. Добитник на регионалната награда, Најдобар проект на 21 век – SMART DENTAL ENTITIES во 2022г. Добитник на меѓународното признание Лидер во реализација на меѓународно акредитирани конгреси во регионот во 2024. Член на УО на ССК од 2025г. Претседател на Комора на Интегрирано Приватно Здравство од 2026г. Клучни области на влијание: •Интегрирано приватно здравство •Дентална дигитализација и CAD/CAM протоколи •Развој на имплантологија •Бизнис лидерство и претприемништво •Меѓународни партнерства и бизнис мрежи •Модерни модели на здравствени системи •Проектно и иновативно менаџирање

Емаил адреса

t.velinovska@velidenttrade.mk

Контакт телефон

071 276 620

Веб страница

www.velidenttrade.mk

Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија

Контакт инфо.