Долгогодишната посветеност, постојаните инвестиции во модернизација на производството и грижата за здравствената исправност на садниците и грозјето придонесоа „АГРО КАЛЕМ“ да прерасне во препознатлив бренд на македонскиот и странскиот пазар.
Денес, компанијата е најголем производител на лозови садници во Македонија.
Со цел да се обезбеди највисок квалитет на производите, „АГРО КАЛЕМ“ изгради сопствен ладилник, кој овозможува оптимални услови за чување на трпезното грозје и садниците. Воедно, компанијата инвестира во современи плантажи на лозови насади со висококвалитетни сорти на грозје, одгледувани по модерен систем на производство.