Боми 10 е компанија со повеќе од 36 години искуство во областа на меѓународниот транспорт, логистиката, магацинското работење и царинските услуги.
Основана како семејна фирма со само 1 возило, компанијата континуирано се развиваше и денес со 60 сопствени возила, 120+ вработени и 20.000м2 магацински простор, претставува една од најголемите компании во Македонија за меѓународен транспорт и шпедиција.
Од своето основање, Боми 10 ја гради својата репутација врз доверба ,сигурност ,професионален пристап, долгорочни партнерства.
Со континуирани инвестиции во возен парк, инфраструктура и кадар, компанијата успешно ги следи европските стандарди и трендови во логистиката.
Нашата мисија е да обезбедиме сигурни, ефикасни и транспарентни логистички решенија кои директно придонесуваат за растот и успехот на нашите клиенти.
Нашата визија е да останеме водечки логистички партнер во Македонија и Балканот, препознатлив по квалитет, иновации и стабилни долгорочни соработки.