Chamber

Мр. Марија Фидановска

Мр. Марија Фидановска

ПЗУ Аптеки Виола, Скопје
По завршување на фармацевтскиот факултет се вработив во АД Акалоид во одделот за увоз на репроматеријали за производство на лекови. Во тек на првата година со полагање на 7 испити за надворесна трговија од Економски факултет пред Комисија од Стопанска комора на РМ се стекнав со Сертификат за самостојно работење во делот на надворешна трговија. По деветгодишно работење во Одделот за увоз на репроматеријали за производство на лекови решив да основам своја компанија ПЗУ Аптеки ВИОЛА која успешно работи до денес и така ќе работи и во иднина. ПЗУ Аптеки ВИОЛА постојат 33 години. Компанијата е основана во 1992 година меѓу првите 5 ПЗУ во Македонија. Може да се пофалиме со безпрекорна професионална пракса во делот на снабдување со лекови за сите пациенти кои се обратиле кај нас за лек или совет. Инвестицијата во широк асортиман на лекови, додатоци на исхрана и останати производи потребни за одржување на здравјето на пациентите била и ќе биде во иднина наша главна цел. Стручниот персонал составен од дипл.фармацевти и фармацевтски техничари стојат на услуга на пациентите. Нашето мото е “Ние за вас постоиме”

Емаил адреса

m.fidanovska@viola.com.mk

Контакт телефон

Веб страница

www.viola.com.mk

Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија

Контакт инфо.