Марија Кукуноска е основач и извршен директор на Премиум Сејфти Солушн, компанија која се јавува на македонскиот пазар како иновативен концепт за безбедносни услуги и решенија , со комплетно опфатен опсег вклучувајќи заштита од пожари , едукација и обуки за заштита ,спасување и евакуација ,здравје и безбедност при работа ,заштита на животна средина ,кризен менаџмент.
Дипломира психологија на универзитетот ‘’Св.Кирил и Методиј’’ – Скопје, магистрира на Безбедносно Инжинерство – отсек Безбедност и Здравје при работа. Во моментов како заокружување на своето академско портфолио е на докторски студии на тема – Проектирање на пожарен систем за заштита како интергрален дел од корпоративниот безбедносен дизајн.
Психологијата како база и овозможува градење на добри и квалитетни бизнис релации, проценки на потенцилани соработници и човечки ресурси .
Има повеќегодишно искуство на раководни позиции, како Извршен Директор на КС Групација за реон Скопје каде истовремено раководи со неколку компании ,исто така како Комерцијален директор и директор на администрација во Никоб Лаб и Никоб Медикал, Извршен Директор на Биспаг Противпожарна Техника.
Вклучена била во неколку меѓународни проекти на Дирекција за Заштита и Спасување на Република Северна Македонија, како и два индивидуални проекти лично иницирани а поврзани со едукација на младата популација за употреба на заштитна опрема и противпожарна опрема и евакуација.
Активно се вклучува , но и многупати иницијатор е на општествено одговорни настани и настани каде се поддржува и афирмира женското претприемништво.