Сојузот на стопански комори истакнува дека цените на основните прехранбени производи ќе бидат поповолни за потрошувачите поради одлуката компаниите што произведуваат основни прехранбени производи и се регистрирани со шифри на дејност 10.41, 10.51, 10.61, 10.71 во кои спаѓаат производителите на масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи како и производители на јајца да имаат фиксна цена на електрична енергија.
„Овој е еден сериозен и добар исчекор напред во однос на тоа дека ќе добиеме пониска цена на електрична енергија која ќе овозможи цените на основните производи коишто се произведуваат со овие шифри на дејност да биде со цена која што ќе биде прифатлива за крајните консументи. Покрај овој добар исчекор и понатака ние би очекувале и некои соодветни други исчекори кои би можеле уште повеќе да дојдат до ситуација цената на производите во тешкиот период да се спушти на уште пониско посоодветно ниво„ кажа Горан Ѓоргиевски потпретседател на Сојуз на стопански комори и претседател на Агро-бизнис комора.
Цена на струја која што ќе ја обезбеди Владата според најавите ќе биде помала од 100 евра за мегават час.
Едно од барањата на Сојузот за справување со енергетската криза беше на стопанството да му се обезбеди струја по поволна цена, како би можело компаниите да ја одржат деловната активности и да бидат конкурентни на пазарот.