Трајан Ангелоски, претседател на ССК, на конференцијата „Know How – FOR OPEN BALKAN“ во Бања Лука

Здружението на млади економисти на Република Српска, со поддршка и под покровителство на Министерството за европски интеграции и меѓународна соработка на Република Српска, се организатори на конференција под слоганот „Know How – ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН“  која се одржа во Бања Лука. Ова е петта година по ред како се организира ваков настан на кој се анализираат различни актуелни теми од сферата на дипломатијата, економската соработка и пазарните можности. Овогодинешната конференција е поделена на три панели:

• Отворен Балкан, можности и предизвици;

• Дали сме подготвени за слободен проток на луѓе, стоки, услуги и капитал;

• Глобални, европски и регионални иницијативи како развојна можност.

Ангелоски е учесник на вториот панел на оваа конференција „ Дали сме подговени за слободен проток на луѓе,стоки ,услуги и  капитал“ заедно со Бојан Станиќ помошник директор за стратешка анализа  Стопанска комора на Србија ,Горан Рачиќ Претседател на подрачната стопанска комора на Бања Лука и Георгие Михајловиќ од „Telegroup System“

„Отворен Балкан значи отварање нови перспективи на заедништво ,заеднички политички и економски раст ,поврзување и можност за долгорочен  развој и заеднички регионален пазар.Интернационализацијата  е тренд кој мора  да се следи за да се постигне и оддржи солиден раст и развој на бизнисите ,поради тоа работиме континуирано на отварање нови пазари на нашите компании и привлекување  инвестиции“ истакна Ангелоски.

Целта на годишната конференција е на едно место да се соберат претставници на институции и бизниси од земјите кои веќе се учесници во зоната Отворен Балкан, за да можат да ги споделат своите искуства и да учествуваат во дискусијата за поставените теми.

Конференцијата ја отвори претседателот на Владата на Република Српска, г. Радован Вишковиќ. Модератор на панелот е Маријана Раџевиќ, шеф на кабинет во Министерство за финансии во Република Српска.