Проф. д-р Орце Симов потпретседател на Сојуз на стопански комори на Македонија и редовен професор на Факултетот за информатика на Меѓународен Славјански Универзитет ја издаде книгата „Моделирање и компјутерска симулација на генетски регулаторни мрежи“ кое издание е со детално и систематско истражување посветено на интеграцијата на најновите истражувања и технички постигнувања во областа на генетското моделирање.
Книгата „Моделирање и компјутерска симулација на генетски регулаторни мрежи“ од авторот проф. д-р Орце Симов детално и прецизно ги опишува процесите на иницијација на транскрипција и синтеза на mRNA молекулите. На оригинален и иновативен начин е дадено проширување на Буловиот генетски регулаторен модел така што тој е доближен до реалноста, но со задржување на дискретноста и логиката на одлучување.
Истражувањето на генетските регулаторни мрежи преку моделирање и компјутерска симулација претставува комплексна и повеќеслојна задача, тоа е интердисциплинарно и вклучува и претставува пресек на три научни подрачја:
1.Биоинформатика и компјутациона биологија
2.Биолошки системи и генетика
3.Математичко симулирање и моделирање
Книгата обработува тема на молекуларната биологија и генетските процеси и биоинформатичкиот пристап кон генетските процеси, и се вклучени софтверските модели низ прилози, и дополнително истражување за протеините како работни молекули во клетките со нивната градба и структура, и системот за кодирање на аминокиселините како градбени блокови на протеинските молекули.
Опишана DNA молекулата како мемориски капацитет поделен на гени во којшто се сместени информации за начинот како да се градат протеини кои понатаму ќе извршуваат работни активности во клетката и ќе овозможуваат нејзино оптимално функционирање во околината,дава опис на процесот на биосинтеза на протеини отсликувајќи ги фазите на транскрипција и транслација.
,,Биоинформатиката како интердисциплинарно поле во книгата претставува пресек на информатиката, когнитивните науки и биологијата во функција на проучувањето на биолошките системи и процесите што се одвиваат во нив,,истакна проф. Симов
“Истражувањето на генетските регулаторни мрежи преку моделирање и компјутерска симулација претставува комплексна и повеќеслојна задача, пред сè заради фактот што e очигледен веќе во самиот наслов на делото – тоа е интердисциплинарно и вклучува најмалку две научни подрачја: генетика и компјутерско инженерство. Истражувачот кој ќе се определи да зачекори во ова подрачје мора да го поседува клучот за разоткривање на сложеноста на клеточните процеси од една страна, но истовремено да биде вешт информатичар со искуство во користењето на многубројните компјутерски алатки и методи. На авторот на книгата што ја имаме пред нас, професорот д-р Орце Симов, му поаѓа од рака она со што можат да се пофалат малкумина: успешно да го премости јазот меѓу теоретската анализа на сложените процеси во генетските регулаторни мрежи и практичните вештини, алатки и знаења неопходни за моделирање и компјутерска симулација на истите.” – истакна за изданието проф. д-р. Биљана Перчинкова.
“Книгата „Моделирање и компјутерска симулација на генетски регулаторни мрежи од проф. д-р Орце Симов ги истражува и пренесува сложените генетски концепти со висок квалитет. Книгата се карактеризира со детално и систематско истражување, со чија помош авторот ги претставува основните принципи и напредни методи за моделирање и компјутерска симулација на генетските регулаторни мрежи. Ова не само што го збогатува разбирањето на читателите за молекулските механизми, туку и ги поттикнува да ги применуваат добиените знаења во пракса. Квалитетот на содржината се одразува и во актуелните информации и последните технолошки напредоци што ги обработува книгата. Авторот е посветен на интеграцијата на најновите истражувања и технички постигнувања во областа на генетското моделирање, обезбедувајќи му на читателот преглед во најсовремените методи и алатки. ” истакна за книгата Проф. Др. Мирко Спироски
Книгата „Моделирање и компјутерска симулација на генетски регулаторни мрежи“ од авторот детално и прецизно ги опишува процесите на иницијација на транскрипција и синтеза на mRNA молекулите. Книгата претставува значаен придонес и беспрекорно издание од аспект на интердисциплинарноста и подеднакво разбирлив како за генетичарите, биолозите и припадниците на медицинските дисциплини, така и за компјутерските експерти и информатичарите. Експертите од биоинформатиката, вештачката интелигенција и компјутерското инженерство исто така ќе добијат значајни согледувања и насоки како да се изгради успешен модел на симулација и моделирање и како истиот да се верификува. Книгата го збогатува разбирањето на читателите за молекулските механизми, туку и ги поттикнува да ги применуваат добиените знаења во пракса, обезбедувајќи му на читателот преглед во најсовремените методи и алатки.