ССКМ со поддршка за активно вкучување на жените во бизнис секторот преку проектот “Зајакнување на водечката улога на жените во приватниот сектор”

0
38

Во студиото на националниот сервис на МРТВ, се разговараше за целите и резултатите од спроведувањето на иницијативата за зајакнување на улогата на жените во приватниот сектор, со Росица Тошевска, програмски менаџер на проектот од страна на Консалтингот за стратешки развој – SDC, Весна Кузмановиќ член на истражувачкиот тим, одговорна за надворешен мониторинг и Трајан Ангелоски, претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија, вклучени во проектот „Зајакнување на водечката улога на жените во приватниот сектор преку подобрување на меките вештини и финансиската писменост на жените и спроведување на дигитализација во процесот на вмрежување и едукација на жените претприемачи“.

Проектот е со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој USAID North Macedonia, a подготвен од Macedonian Chambers of Commerce – Сојуз на стопански комори на Македонија во рамките на проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“ имплементиран од Strategic Development Consulting – Консалтинг за стратешки развој – SDC.

Повеќе на линкот:https://youtu.be/hBv1go2mdjY?feature=shared