Средба на потпретседателот на ССКМ, Горан Ѓорѓиевски со Цветан Трипуновски, заменик министер за земјоделие

0
72

Денес, потпретседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија г-дин Горан Ѓорѓиевски со членки компании од агро-бизнис секторот оствари средба со г-дин Цветан Трипуновски, заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На состанокот се разговараше за предизвиците со кои се соочува бизнис секторот, се со цел да се слушне нивниот глас, беа  предложени решенија  за промена на моделот за субвенционирање мерки како да се стимулира домашното производство, со поддршка на консултанти да се користат Ипард фондовите интензивно и  преку зголемување на обработливите површини  создавање услови за модерно и конкурентно земјоделско производство, дополнително  да се интензивира соработката со научните институции.

“Битни сегменти се: развојот на земјоделството и руралниот развој, целите на националната земјоделска политика, планирање, следење и процена на националната земјоделска политика, партнерство со социјални и економски партнери од областа на земјоделството, нови  мерки за уредување и поддршка на земјоделски пазари, директни плаќања и рурален развој,нови  форми на организирање и здружување во земјоделството и контрола на спроведување на мерките и надзорот над спроведувањето се насоки каде треба да делуваме”, истакна Ѓорѓиевски.

Сојузот на стопански комори интензивно работи заеднички со бизнис секторот и членките за вмрежување и идентификувaњe на потенцијални можности за соработка , истражување,  инвестиции, развоj и иновации се со цел за подобра бизнис клима за компаниите.