Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски оствари средба со амбасадорот на Република Босна и Херцеговина, Драган Јаќимовиќ со фокус на можностите за искористување на потенцијалот за унапредување на економската соработка. Двајцата соговорници ја споделија заедничката подготвеност за организирање на активности за поттикнување на соработката меѓу деловните субјекти од двете земји и зголемување на трговската размена во повеќе сектори меѓу кои туристичкиот сектори како и сферата на металната, дрвната, прехранбената и текстилната индустрија.
Беше потенцирана и потребата од остварување подобра транспортна поврзаност меѓу Сараево и Скопје што би се постигнало со воспоставување на авионска линија меѓу двата града.
На средбата се разговараше и за регионалната соработка која добива исклучителна важност од аспект на взаемна поддршка меѓу земјите од Западен Балкан и пошироко за време на актуелната економска и енергетска криза.