Соработка на ССКМ и Трговско-индустриска комора на Приморска Словенија

0
70

Во просториите на Сојузот на стопански комори на Македонија, потпретседателите Ромео Костадинов и Сашо Дукоски остварија состанок со директорот на Трговско-индустриска комора на Приморска Словенија, Роберт Ракар.

На состанокот клучни теми беа вмрежување и вклучување во заеднички европски проекти, меѓународни партнерства и трансфер на знаење.

“Вмрежувањето ги отвора вратите за пошироката заедница на индустриски лидери, креаторите на политики и даватели на услуги. Словенечка трговска и индустриска комора е една од највлијателните мрежи во Словенија, која им нуди на бизнисите можност да се поврзат со други компании на меѓународно ниво и e можност за македонските бизниси за партнерства и инвеститори, и дополнително влез на нови меѓународни пазари”, истакна Костадинов.