Симов: “Македонија треба да биде земја на задоволни граѓани”

0
195

Проф. д-р Орце Симов, потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија и претседател на ИКТ комората, гостуваше во емисијата “Да си кажеме” на ТВ Телма. Тој се осврна на економскиот дел од новата владина програма и очекувања на бизнис заедницата од истата.

Тој рече дека Македонија треба да биде земја на задоволни граѓани, политиката мора да го изгуби епитетот на најдобар бизнис, а тој што сака да биде богат да се занимава со бизнис, а не со политика. Индикаторите кои го покажуваат здравјето на економијата, покажуваат неповолни вредности, мораме да ја смениме насоката на траекторијата по која се движи државата, во спротивно Македонија ќе го губи човечкиот потенцијал.

“Потребно е да се започне бораба со сивата економија и корупцијата, очекуваме јавните набавки да бидат транспарентни и да се подобри околината во која функционира бизнисот. Едноставно да тргнеме во една позитивна насока, луѓето да не размислуваат за иселување и да се даде еден сигнал дека има задоволство да се живее во Македонија”, истакна проф.д-р. Симов.

Повеќе на линкот:https://youtu.be/O4zfPUUgXII?si=pxR53h0ECj-N1cS4