САМИТ 2023 – ЖЕНИ ВО ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО – КЛУЧ ЗА ЗАЈАKНУВАЊЕ НА ЕКОНОМИЈАТА

0
708

“Радува фактот дека Македонија успешно гради нова генерација на жени кои добро знаат што значи слободен ум, креативност и претприемништво. Жените претприемачи досега докажаа дека знаат да ги менуваат работите, да одговараат на предизвиците и истите да ги користат како можности. Многу жени имаат идеи кои што доколку внимателно се анализираат и истражат можат да резултираат во профитабилни бизниси. И им порача дека секоја од нив е победник зошто научила дека може да се бори,  научила дека може да заработи од својот потенцијал и креативност. Фактот што имаме вака извонредни  жени на сите нас ни дава надеж дека родени се генерациите кои ќе ја предводат Македонија во едно поинакво време, време во кое идеите се најголемиот капитал на секој човек, но и најзначаен ресурс за развој на секоја држава, истакна г-н Симов, во својот поздравен говор и го изрази своето задоволство што присуствува на овој значаен настан како претставник на Сојузот на стопански комори на Македонија.

Тој додаде дека женското претприемништво денес игра важна улога во развојот на економијата во нашата држава. Овој потенцијал треба  да се искористи во целост за да се креира соодветна бизнис клима. Поволните деловни услови значат: формирање на бизнис-мрежи на сорабoтка, полесен пристап до информации, креирање на мерки за брзо и ефикасно зајакнување на компаниите, овозможување услови за следење на современите текови, овозможување услови за пристап до поголеми пазари, односно овозможување на услови за модерно управување со бизнисите за жените претприемачки да можат да го фатат чекорот во ова динамично и современо општество

“Битен сегмент е учеството на жените во трговијата, владите, корпорациите и глобалната  заедница за да се овозможи креирање на поеднакви и одржливи општества, стратегии за зајакнување на учеството на жените на пазарите, дополнителни  опции за финансирање и деловна поддршка кои се во согласност со потребите на малите и средните претпријатија предводени од жени и обезбедување обуки за промовирање на пазарна конкурентност. Бизнис  секторот се наоѓа во турбулентна средина која брзо се менува. Имајќи ја на ум заедничката цел „да се изгради подобро општество,  јавните и приватните чинители мора да работат заедно не само за да ги проценат и туку и да ги искористат можностите за вклучување на жените во создавање поотпорна и инклузивна иднина. Преструктуирањето на бизнисите и поголем удел на жените во претприемништвото  не е едноставен процес, затоа е потребна решителност, издржливост, взаемна помош, нова енергија и борбеност насекаде околу нас”, ова се само дел од мерките кои ги посочуваме како Сојуз на стопански комори на Македонија, истакна г-д Симов.

На свеченото отварање на Третиот годишен самит на Националната платформа за женско претприемништво кој се одржува вчера и денес во хотел Мериот, Скопје, покрај г-дин Орце Симов Потпретседател на ССК и Претседател на ИКТ при Сојуз на Стопански Комори cвој говор одржаа и:

Г-н Бен Нупнау – заменик-шеф на мисијата и шеф на политичко-информативната секција на Делегација на ЕУ во Северна Македонија

Г-дин Фатмир Битиќи – Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции

Г-дин Крешник Бектеши – Државен секретар во Министерство за Економија

Г-ѓа Валентина Дисоска – Претседател на Здружение на бизнис жени и на Националната платформа за женско претприемништво

Г-ѓа Габриела Костовска Богоеска – Извршен директор на Фондација за менаџмент и индустриско истражување

Сојузот на стопански комори на Македонија ќе продолжи да работи на креирање на предлози и мерки и ќе се залага за нивна имплементација со цел да им овозможи на жените да ги ослободат своите претприемачки вештини, да го развијат својот потенцијал и истиот да го стават во функција, пред се на својот интерес, но и на јавниот интерес во државата