Денес 06.06.2024 г, во хотел Мериот, Скопје, во рамки на проектот на УСАИД за “Зајакнување на капацитетие за искористување на ресурсите”, се одржа работилница на тема: “Иницијативи и информирање за соработка меѓу општините и приватниот сектор”.
Поздравен говор имаше Бардил Марку, директор на Проектот на УСАИД, а како претставници од Сојузот на стопански комори беа Драган Пехчевски, член на Управниот одбор на ССКМ и Горан Ѓорѓиевски, потпретседател на ССКМ и претседател на Агро-бизнис комората кој зборуваше за предизвиците во соработката на бизнисот со општините (предолги рокови за испорака на документи од општините до бизнисите), неопходна целосна дигитализација и воведување на целосни дигитални сервиси на општините кон бизнисите, воведување на МЕРИТ, систем на општинските службеници.
Цели на работилницата беа: да се придонесе кон зајакнување на соработката меѓу општините и приватниот сектор, да се идентификуваат најрелевантните општински административни иницијативи кои се отворени за деловниот сектор и да се утврдат клучните информации и услуги за деловна поддршка кои ги обезбедуваат општините.